Breaking Невремето ги оштети и поплави „Вила Водно“, „Нова Македонија“ и неколку министерства
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Очекувана беше одлуката на ДКСК да не отвори предмет за „Броило“

ВМРО-ДПМНЕ: Очекувана беше одлуката на ДКСК да не отвори предмет за „Броило“

Очекувана беше реакцијата СДС по паушалната изјава на Ивановска дека нема да отвори предмет за Ковачевски и аферата Броило, возвраќаат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

„Ниту не почекаа да ја добијат претставката за Ковачевски и броило, влијанието и вмешаноста во скандал тежок 26.000.000 евра, туку излегоа во јавност дека нема да отворат предмет, веројатно по допрен глас директно од Ковачевски.

Во услови на криза некој профитира, добива 26.000.000 евра, постои сериозна индиција за трговија со влијание, а ДКСК однапред крева раце.

Ова е уште еден во низата коруптивни скандали и спречување на борбата со корупцијата што ја втурна државата во кризи и сиромаштија.

За многу кусо време јавноста ќе ја види спрегата на ДКСК со СДС.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни