Македонија

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обвинувањата: Од фабрика за текстил, во надзор на коридорите

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обвинувањата: Од фабрика за текстил, во надзор на коридорите

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжија со обвинувањата кон власта за избор на надзорна компанија за работите во коридорите 8 и 10д.

Пратеникот на оваа партија, Бојан Стојановски, пред влезот на поранешната фабрика „Свилара“ од Велес, оваа фирма која сега ќе го врши надзорот над Коридорите 8 и 10д произведувала долна облека. Според Стојаноски, експертизата што ја има Електра Солушн е дека од текстилна фабрика сега ќе врши надзор на најскапиот градежен зафат во земјава.

Тој потоа рече дека покрај Електра Солушн на синот Ампов, овде канцеларии има и Институтот за патишта Велес на таткото Ампов, кој е добитник на првиот тендер за надзор, кој заради руската врска беше поништен.

Најсимптоматично од се, како што откри опозицискиот пратеник, е што во овие погони канцеларии има и Хрватската фирма со руски капитал ИГХ, која била носител на Конзорциумот со кој Институт за патишта Велес го добива и првиот тендер.

„Зарем некој во ЈО и ДКСК мисли дека фирма за производство на долна облека која добива лиценца за надзор за 5 дена може да биде постручна од фирми кои со години работат во областа? Власта влезе во шема која смрди на корупција. Со изборот на надзорот ризикуваат да ја посрамотат Македонија, и да го оштетат буџетот. ЈО и ДКСК да не мислат уште многу, туку да реагираат веднаш, иако тоа требаше да го сторат пред две недели“, вели Бојан Стојановски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни