СДСМ со реакција на изјавата на Бетиане Китев кој истакна дека земјоделците мора да си ги добијат парите за својот труд, но се сомневаат дека тоа ќе биде сторено од оваа власт.
„Секој земјоделец треба и мора да ги добие парите за својот труд и за својата работа.
Сепак досегашната инертност и неспособност на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски остава сомнеж дека и овој проблем на лозарите ќе биде брзо и целосно решен. Впрочем за тоа говорат и досегашните состојби во земјоделието кога интервентните мерки за сливопроизводителите, јаболкарите и оризопроизводителите впрочем и во целиот земјоделски сектор не дадоа никаков ефект.
Оттука праксата вели дека она што СДСМ и Николовски ќе им го ветат на земјоделците или останува празно слово на хартија или делумно се реализира. Такво е ветувањето за загарантиран откуп и повисоките откупни цени, такво е ветувањето за зелена нафта, гарантниот фонд, таков е и бенефицираниот стаж за земјоделците.
Лозарите во неколку наврати беа излажани од оваа власт. Иако владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за 100 % обесштетување за мразот со доаѓањето на СДСМ на лозарите им беа дадени само потценувачки 5%, иако им ветија цени од 15 денари за белото и 17 денари за црното грозје цените беа далеку пониски.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи решавањето на проблемот на лозарите, ќе биде во контакт со граѓаните и заедно ќе интервенираме врз законските измени со цел да се гарантира реалната исплата на трудот и работата на земјоделците.
Знаејќи со какви манипулации и лаги се служат неспособните и некадарните кадри на СДСМ уште еднаш потенцираме и ги охрабруваме да распишат предвремени парламентарни избори за земјоделците да го добијат заслужениот третман и внимание.“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.