Македонија

ВМРО-ДПМНЕ утврди нови 8 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

ВМРО-ДПМНЕ утврди нови 8 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

  • Жарко Ристески, кандидат за градоначалник за Македонски Брод
  • Драганчо Саботковски, кандидат за градоначалник за Могила
  • Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за Пробиштип
  • Марјан Пеев, кандидат за градоначалник за Богданци
  • Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за Демир Капија
  • Ѓорѓи Крстевски, кандидат за градоначалник за Росоман
  • Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник за Новаци
  • Златко Силјановски, кандидат за градоначалник за Дебарца

Според Антонио Милошоски, овие 8 кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности кои својата активност ја докажале не само во рамки на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку имаат углед и во самите општини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни