Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците

„Власта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од 1 септември повторно нема да има учебници за сите ученици. Власта на ДУИ и СДС е неспремна да организира образовен процес.

За што се издвојуваат милиони евра од буџетот за учебници, кога учениците ги добиваат на средина на учебната година?

Заради неспособноста на власта од буџетот се издвојуваат неколкукратно пари еднаш за скрипти или скенирани учебници, втор пат за печатење.

Власта е неспособна да го менаџира образованието, од ден во ден се повеќе тоне. Потребни се промени. Потребни се избори“, порачаа од најголемата опозициска партија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни