Апел од ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да ги помилува и ослободи и затворените за случајот „27 април“.
Апелот на партијата која беше дел од владината коалиција предводена од СДСМ, е упатен како дел од празничната честитка по повод Денот на Македонската револуционерна борба.
„На 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, со особена почит се сеќаваме на патриотите и визионерите кои го отворија патот кон слободна Македонија.
Нивниот непоколеблив дух и стремеж кон слободна држава претставуваат темел врз кој е изградена нашата иднина.
Нека ни служи како потсетник нивната храброст и солидарност како клучни вредности кои што треба да ги негуваме и понатаму, заедно градејќи поубаво и поправедно општество.
Во исто време го искосристуваме овој голем ден да упатиме и апел до претседателката на С. Македонија да ги помилува и ослободи и затворените од случајот „27 април“.
Нека е честит Денот на Македонската револуционерна борба!“ – велат од ВМРО-Народна.