Македонија

Внесувањето на помалите етнички заедници во Уставот нема да ја загрози безбедноста на државата, порача Пендаровски

Внесувањето на помалите етнички заедници во Уставот нема да ја загрози безбедноста на државата, порача Пендаровски

Многупати досега имам кажано дека внесувањето на помалите етнички заедници во Уставот, вклучително и на Бугарите, нема да ја загрози безбедноста на државата, ниту ќе ја разниша нашата внатрешна стабилност. Токму затоа го поддржав процесот за уставни измени и делегирав свој претставник во работното тело, рече претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во воведно обраќање на кнференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, шефот на државата истакна дека е убеден дека колку сме поразлични, толку е поширок хоризонтот на можности.

-И сето тоа зависи само од нас и од нашата подготвеност да ја прифатиме различноста како општо добро, рече Пендаровски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни