Граѓани низ Македонија повторно добиваат пораки кои содржат текст во кој се вели дека наводно имате пратка од Македонска пошта.
Станува збор за повторна измама, а целта е да бидат одземени лични податоци од корисник за подоцна да бидат злоупотребени.
Од вас се бара да внесете лични податоци и број на картичка, со што подоцна криминалната група ќе може да ги злоупотреби вашите податоци и да останете без пари.
Апели за лажните СМС пораки се споделуваат на друштвените мрежи.
Секогаш проверувајте го називот на домаинот и така ќе бидете сигурни дека станува збор за вистинска или лажна веб страница,