Република Македонија, во Брисел, денеска, ќе го потпише протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон воениот сојуз НАТО.
На церемонијата во седиштето на НАТО во Брисел присуствуваат дваесет и деветте амбасадори на земјите членки во Алијансата и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.
И како што и беше ветено на земјава, која поканата за НАТО ја доби на самитот на 11 и 12 јули минатата година во Брисел, нејзиниот пат кон членството е отворен, а амбасадорите на земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе го стават својот потпис на Протоколот на пристапување во Алијансата, кој потоа треба да биде ратификуван од сите земји-членки поединечно.
Ова практично ќе биде прв официјален документ потпишан со новото име на државата Република Северна Македонија.
На овој историски настан ќе присуствуваат и премиерот Заев и министерката за одбрана Шеќеринска, како и други членови на владата.