Македонија

Во четврток посебен сообраќаен режим во Тетово поради посетата на косовската претседателка

Во четврток посебен сообраќаен режим во Тетово поради посетата на косовската претседателка

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека на 27-ми април четврток во градот ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје по повод престојoт на висока делегација на Република Косово. Временото сообраќајно ограничување ќе почне од 5 часот наутро се до завршувањето на официјалната посета. Како што најави општината, во посета доаѓа претседателката Вјоса Османи Сабриу.

-Во овој период ќе биде забрането паркирање на возилата на булеварот „Маршал Тито“, на потегот од крстосницата со улицата „Видоја Смилевски-Бато“ до крстосницата со улицата „Благоја Тоска“. Покрај ова, нема да биде дозволено паркирање и на улицата „ЈНА“, на потегот од крстосницата на улицата „Димо Гавровски-Кара“ со булеварот „Илинденска“, како и на булеварот „Илинденска“, на потегот од крстосницата на Булеварот „Маршал Тито“ со улицата „ЈНА“. На сите други улици во градот каде е веќе забрането паркирање ќе се санкционираат и подигнуваат возилата, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните во четврток на 27-ми април да не се движат со нивните возила во централното подрачје без поголема и неодложна потреба, но и да имаат разбирање и трпение за изменетиот сообраќаен режим и да ги почитуваат и да постапуваат по наредбите и насоките на полициските службеници, со што непосредно ќе придонесат за безбедна реализација на официјалната посета на косовската делегација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни