Македонија

Во денешната сообраќајка на патот Битола-Прилеп загинаа две лица

Во денешната сообраќајка на патот Битола-Прилеп загинаа две лица

Во сообраќајка што денеска напладне се случи на магистралниот патен правец А3 што го поврзува градовите Битола и Прилеп, две лица загинаа, а едно е тешко повредено.

Во сообраќајката учествувале камион и патничко моторно возило и притоа во директниот судир на лице место животот го загубиле едно лице жител на градот Скопје и едно лице странски државјанин, додека повреденото лице, исто така странски државјанин е итно пренесено на лекување во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Екипи на СВР Битола и Јавен обвинител се на терен и ги истражуваат причините за несреќата, а сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Битола-Прилеп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни