Во големиот пожар вчера во источниот дел од Македонија, изгоре единственото возило на ДПД Пехчево, објави заменик директорот на ЈП Национални шуми Кире Михајлов.
„Тоа што ни се случи е катастрофа. Изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа пожарникарите се живи и здрави“, стои во објавата на социјалните мрежи.
Утрово на кризен штаб на ЦУК е договорено на пожарот во Пехчево да дејствуваат и полициски хеликоптери. На стадионот во Пехчево ќе има наместен базен со цел да се полни. Базенот е сопственост на приватна фирма која стопанисува со плантажа со лешници. Ќе дејствуваат пожарникари и од земја.

