Во Грција дојде до судири меѓу младите и полицијата

Судири меѓу младите и полицијата избија денеска во Атина и Солун на крајот на демонстрациите во спомен на тинејџер убиен од полицијата пред 14 години, пренесе Франс прес.

Во Солун, 5.000 луѓе учествуваа на демонстрациите, на крајот од кои младите запалија корпи за ѓубре и фрлаа молотови коктели и камења кон полицијата. Тие одговорија со солзавец и шок-бомби.

Во Атина, во населбата Егзархија, 6.500 демонстранти се судрија и со полицијата.

Како и секоја година на 6 декември, на повик на левицата и групите за човекови права, се организираат демонстрации во спомен на Александрос Григоропулос, кој беше убиен пред 14 години на 15-годишна возраст во Егзархија.

Овогодинешните протести беа тензични, особено во Солун, каде вчера 16-годишен тинејџер Ром беше тешко ранет во главата од полициски куршум. Тој беше опериран и е во критична состојба.

Полицаецот кој отвори оган при потера по младиот човек кој избега од бензинска пумпа без да си ја плати сметката од 20 евра. Полицаецот кој пукал при што го ранил момчето е уапсен и ќе му се суди за убиство во обид. По обвинението, тој е пуштен со кауција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното