Обилните дождови поплавија патишта и ресторани во Грција. Поради лошото време кај нашиот јужен сосед, стотици туристи го откажуваат или го одложуваат одморот за следната недела. Според синоптичарите денеска ќе биде последниот дождлив ден.
Обилните дождови поплавија дел од патиштата во Северна Грција, јави БНР. Сообраќајот се пренасочува преку заобиколен пат кон Комотини и Ксанти. На островот Тасос има поплавени приземја.
На Халкидики, каде врне веќе петти ден, поплавен е кампинг. Продавниците и рестораните затворени поради поплави.
Противпожарната станица испумпува вода од приземјето на Северна Грција, островот Самотраки, како и од островите во Егејското Море.
Во регионот на Атика продолжува да врне дожд. Сообраќајната полиција привремено го запре сообраќајот на поплавените делници од булеварите.
Цивилната заштита ги предупредува туристите преку телефонски пораки да бидат крајно внимателни. Се препорачува да не се влегува во морето за време на невреме.
Според прогнозата денеска е последен ден со врнежи од дожд и засилен ветер.