Во Хаг се одржува состанок за истрага на воените злосторства на Русија во Украина

Претставници на земјите кои работат заедно за да ги истражат воените злосторства за време на руската инвазија на Украина денеска се среќаваат во Хаг, јави Асошиетед прес.

Координативниот состанок се одржува во седиштето на Агенцијата за правосудство на Европската унија, Европравда, а на него присуствуваат членови на заедничкиот истражен тим и обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан.

Се вчитува...

Заеднички истражен тим составен од Украина, Литванија и Полска беше формиран кон крајот на март. Неколку недели претходно, МКС започна истрага во Украина.

Руската инвазија на Украина нашироко беше осудена како нелегален акт на агресија. Руските сили се обвинети за убивање цивили во Буча во близина на Киев и за напад на цивилна инфраструктура. Москва категорично негира дека нејзините трупи се одговорни за злосторствата.