Македонија

Во храмот Св. Петка во Прилеп, денеска ќе се одржи заупокоена литургија за загинатите лекари

Во храмот Св. Петка во Прилеп, денеска ќе се одржи заупокоена литургија за загинатите лекари

Ве известуваме дека утре, сабота, на 5 октомври, со благослов на нашиот епархиски архиереј, митрополитот Петар, во храмот Св. Петка ќе се отслужи Заупокоена Литургија за покој на душите на нашите несреќно загинати сограѓани, доктори, кои својот живот го посветија на помагање на ближните – информираат од прилепскиот црковен храм во населбата “Точила”.

-Ги покануваме сите жители на Прилеп да ни се придружат во заедничка молитва за новопретставените наши сограѓани, молејќи го Господ да ги всели нивните души во рајските населби и да им дарува вечен мир – стои во известувањето од храмот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни