Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во последното деноноќие, согласно пристигнатите директни информации од граѓаните и од институциите од Системот за управување со кризи (СУК), нема податоци за регистрирани пожари на отворено, пожарникарите интервенирале само врз пожари во населени места и има вкупно 1.375 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК.
Регионалниот ЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Кочани од 18:45 до 00:45 часот, вчера, со три пожарникари и едно ПП возило гаснале запалена ниска вегетација, папрат и грмушки на површина од три до четири декари кај с.Пресека.
Кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.545 повици, според последниот извештај на секторот Е-112 за последното деноноќие. Од нив „реални“ повици за итни случаи биле 43,94 %, а 56,06 % други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од непродуктивни за нив такви повици службите коишто се за итно интервенирање.
Кон Полицијата биле упатени 59,27 % од повиците, кон Итната медицинска помош 36,59 %, кон пожарникарите биле упатени 2,58 %, кон АМСМ 0,53% и кон ЦУК имало 1,03 % за комбинирано решавање од итните реални повици, секако заедно со другите 65 %, „неитни повици“ за решавање.
Конкретно, изразено во бројки, вкупно 868 повици биле дел од тековната обработка на дежурните оперативци во ЦУК, во двата сектора во последното деноноќие: Секторот Е-112 и Секторот за операции и координација.