Директорот на ЦУК информираше за пожарите во Македонија. Тој кажа дека во јули имало дури 765 пожари на отворен простор. Статистички, во август има по 40 пожари на ден.
„Во јули имаме 765 пожари на отворен простор, меѓу кои и шумски пожари. Во август, во просек имаме 40 пожари дневно. Имавме вчера дури 45 пожари, затоа повторно апелирам да бидат исклучително внимателни.
Досега имаме 16 пожари на отворено. 10 се активни, четири се ставени под контрола, а два се изгаснати.
Пожарот кој 25 дена беснее кај Македонски брод, со еден крак е навлезен во ловиштето Јасен, го успоривме, но и натаму е активен, додека вториот крак се движи кон селото Белица, и овој крак успеавме да го успориме, затоа што таму дејствуваме пет ер-трактори.
Вториот тежок е во Пехчево кој избувна вчера, за кого имам перцепција дека е намерно подметнат. Но, овој новиот кој избувна 50 метри подалеку од појасот. Се работи за пожар кој многу брзо се разви во квалитетна борова шума, но постои опасност да влезе и во букова шума. Дејствуваме со два хеликоптери“, рече Ангелов.

