Македонија

Во Македонија осигурани над 350.000 возила во првата половина од годината, секое трето има зелена карта

Во Македонија осигурани над 350.000 возила во првата половина од годината, секое трето има зелена карта

Во првата половина од 2024 година, сопствениците на возила во Македонија вложиле 43,1 милиони евра во осигурување од автомобилска одговорност и во зелена карта. За зелена карта биле вложени 10,2 милиони евра за шест месеци.

Осигурени се речиси 151.000 возила од почетокот на годинава до јуни, а вкупниот број на возила е зголемен за 6,3% лани, во однос на 2022 година.

Сите 12 осигурителни компании во првите шест месеци издале над 468.000 полиси за осигурување и за преземање на ризиците наплатиле 2,65 милијарди денари или 43,1 милиони евра.

Податоците на Националното биро за осигурување покажуваат дека бизнисот со осигурување од автомобилска одговорност во првата половина годинава пораснал за шест отсто во споредба со истиот период лани.

Секое трето осигурано возило има и зелен картон – осигурување кое овозможува возење во странство. Во првите шест месеци сите 12 осигурителни компании издале повеќе од 117.000 зелени карти. Бројот на издадени зелени карти лани е за два отсто помал од бројот на издадени зелени карти во истиот период лани, но, од друга страна вложувањата во зелена карта годинава се за 4,5 отсто повисоки од истиот период лани.

Минатата година, вкупно се купени 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство, а во осигурувањето од автомобилска одговорност вложени се 5,33 милијарди денари или 86,75 милиони евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни