Македонија

Во моментов низ Македонија се градат 160км автопати и 51км експресни патишта

Во моментов низ Македонија се градат 160км автопати и 51км експресни патишта

Во периодот од 2021 – 2023 година завршени и во фаза на реализација се околу 900 км патна мрежа. Од нив во овој период се изградени, реконструирани и рехабилитирани државни патишта  во должина од 630 км, од кои поголем дел од нив 40 години не беа ставени на дневен ред и кои беа во исклучително лоша состојба. При тоа, приоритет ни беа сите патишта коишто  водат кон граничните премини, рече Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми .

Завршени се патните делници:

  • Битола – Меџитлија-12 км
  • Подмоље – Струга – Ќафасан-20,5 км
  • Скопје – Блаце-10 км
  • Маврови Анови – Жировница-18,3 км
  • Катланово – Велес-8,4 км
  • Велес – Градско-20 км
  • Обиколница на Богданци-2.7 км
  • Тетово – Џепчиште – 4км
  • Куманово – Страцин – 31 км
  • Ропалце – Матејче – 2,8км
  • Фариш – Прилеп – 18км
  • Штип – Радовиш – 40,6км Експресен пат
  • Штип – Кочани – 28км Експресен пат
  • Пробиштип – Крупиште 18км
  • Македонска Каменица – Саса – 8,4км
  • Карпалак – Желино 12км
  • Кичево – Македонски Брод 26км
  • Узем – Тораница – 7км
  • Ботун – Брежани – 10,5км
  • Транзит низ Охрид – 2км

Со Програмата за одржување и заштита на државни патишта со Македонијапат секоја година рехабилитираме државни патишта, и тоа во:

  • 2021 година рехабилитирани се 141 км
  • 2022 година рехабилитирани се 101 км
  • 2023 година рехабилитирани се 88 км

Во тек е изградба на 160 км автопатишта и 51км експресни патишта, како и изградба и рехабилитација на 65км регионални патишта со инвестициона вредност над 2 милјарди евра. Тоа се следните патните правци:

  1. Изградба на автопат Кичево – Охрид-57 км
  2. Изградба на автопат Скопје – Блаце-2 км
  3. Изградба на Коридор 8 и Коридор 10 д – 110км
  4. Изградба на експресен пат Крива Паланка–Длабочица–Страцин (Чатал)-25,5 км
  5. Изградба на експресен пат Градско–Прилеп, делница Градско-Фариш-25,5 км
  6. Изградба на сосема нов регионален пат Извор (спој со А2)-Гарски мост- 19 км
  7. Изградба на обиколница на Тетово преку клучка Требош до Непроштено (фаза 1)-5,4 км
  8. Реконструкција со рехабилитација-доградба на една лента на државен пат Крива Паланка-Деве Баир-13 км
  9. Реконструкција на државен пат делница, Струмица – Дабиле- 3 км
  10. Рехабилитација и поправка на регионален пат Охрид – Св. Наум- 24,3 км

Годинава отпочнавме и со поправка и рехабилитација на најоштетените делови на автопатските делници на Кордиор 8 и Коридор 10:

  1. Рехабилитација со проширување на автопат делница, Петровец– Катланово – 5,3 км
  2. Рехабилитација на автопат делница, Демир Капија – Неготино – 15 км
  3. Рехабилитација на автопат делница, Скопје-Тетово – 13 км
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни