Свет

„ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ…“ Америка испрати порака до Русија

„ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ…“ Америка испрати порака до Русија

САД и дозволија на Русија да лансира ракета Орешник со среден дострел како одговор на нападот на украинските сили на воениот аеродром во Таганрог, пишува Блумберг, цитирајќи неименуван американски функционер.

Според информациите од написот, се очекува Русија во наредните денови да лансира уште една балистичка ракета со среден дострел на украинска територија.

Во средата, украинските сили извршија напад врз воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област, користејќи шест балистички ракети ATACMS од американско производство. Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите проектили биле соборени или неутрализирани со системи за електронско војување.

Министерството соопшти дека овој непријателски напад нема да остане без одговор и дека ќе преземе соодветни мерки. Во соопштението не е прецизирано какви мерки ќе бидат применети, но руските сили навестија решителен одговор на украинската агресија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни