Македонија

Во Охрид во тек трилатералната средба на Борел и Лајчак со Вучиќ и Курти

Во Охрид во тек трилатералната средба на Борел и Лајчак со Вучиќ и Курти

Во Охрид попладнево почна трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел и специјалниот претставник на Брисел за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

На средбата и претходеа одвоени билатерални средби на Вучиќ и на Курти со Борел и со Лајчак.

Најавено е дека Борел по денешната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Охрид ќе се обрати пред медиумите и ќе ги информира за резултатите од разговорите, но нема да одговара на прашања.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано појасни дека станува збор за „вообичаена практика“ што се применува после секоја рунда од дијалогот во Брисел.
Стано рече дека не знае кога ќе завршат денешните средби.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни