Во последните три години пријавени 74 исчезнати малолетници, 65 се пронајдени, по 9 сè уште се трага

Во последните неколку години, статистиките за исчезнати лица во Македонија покажуваат забележливи бројки. Според официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи (МВР) на Македонија.

Од 2020 до почетокот на 2023 година, биле пријавени 74 исчезнати малолетни лица. Од нив, 65 се пронајдени, додека девет деца сè уште се водат како исчезнати​.

Во последните три години, шест деца под 14 години исчезнати во Македонија сè уште не се пронајдени, пријавени од различни градови како Прилеп, Ѓевѓелија, Куманово, Штип и две деца од Скопје.

За петгодишниот период од 23 јануари 2018 до 23 јануари 2023 година, на централно ниво како исчезнати се пријавени вкупно 510 лица, од кои 485 се пронајдени, а по 25 сѐ уште се трага.

Овие податоци говорат за сериозноста на проблемот со исчезнатите лица во Македонија и потребата за ефективни мерки за нивно пронаоѓање и враќање дома.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното