Македонија

Во пожар во куќа во Делчево загина 36-годишно лице со здравствени проблеми

Во пожар во куќа во Делчево загина 36-годишно лице со здравствени проблеми

Денеска (20.01.2025) во 05.22 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Чифлик, делчевско, настанал пожар во куќа, сопственост на Д.Д.(36) – лице со здравствени проблеми.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил изгаснат, а во куќата било пронајдено телото на сопственикот.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Делчево и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни