Македонија

Во прекин патот Кочани-Виница поради сообраќајна незгода

Во прекин патот Кочани-Виница поради сообраќајна незгода

Сообраќајот на патниот правец Кочани-Виница кај хотел „Филипо“ е во прекин во двата правци од 13:30 часот поради сообраќајна незгода.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и утврдување на причините за несреќата. Се апелира до возачите да користат алтернативни правци и да бидат внимателни во сообраќајот.

Дополнителни информации за повторно воспоставување на нормалниот сообраќај ќе бидат соопштени веднаш по завршување на активностите на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни