АМСМ информира дека од 22:00 часот на регионалниот пат Струмица – Радовиш на делницата од Струмица до раскрсницата со с. Василево, сообраќајот е во прекин во двата правци.
Прекинот, според АМСМ, е поради настанат пожар на сува трева покрај патот.
Сообраќајот се одвива по стариот пат.