Македонија

Во прекин товарниот сообраќај кон Грција, цариниците штрајкуваат!

Во прекин товарниот сообраќај кон Грција, цариниците штрајкуваат!

Почувајќи од полноќ, 00:00 часот на 02.04.2024 во вторник до 23:59 часот во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје.

На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки. 

Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни