Во селото Карабуниште пожарот зафатил неколку куќи

Пожарот во атарот на с. Карабуниште, помеѓу Велес и Зелениково зафатил неколку куќи, информираат од ЦУК.

Пожарот избил од внатрешноста на селото, околу 16.00 часот. Патот до селото е тешко пристапен поради што на пожарникарите им е потребно многу време.

Заради пократок циклус на гаснење полицискиот хеликоптер Ми171 полни вода од вливот на Треска во Вардар помеѓу виски тополи. Секоја чест за храбрите и исклучително вешти пилоти на полицискиот Ми 171, велат од ЦУК.