Македонија

Во штипско пронајдено починато 31-годишно лице, има прострелна рана!

Во штипско пронајдено починато 31-годишно лице, има прострелна рана!

На 04.11.2024 во 16.11 часот во СВР Штип било пријавено дека во атарот на с.Пиперово, штипско, со прострелна рана од огнено оружје бил пронајден починат И.К.(31) од с.Дедино, општина Конче.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле екипа на СВР Штип и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни