Свет

Во Шведска пронајдено наоѓалиште на ретки земјени метали

Во Шведска пронајдено наоѓалиште на ретки земјени метали

Шведската компанија ЛКАБ денеска соопшти дека открила наоѓалиште на ретки земјени метали во областа Кируна.

– Тоа е најголемото познато откритие на ретки земјени метали во нашиот дел од светот и може да биде значајно за развој на критичните суровини кои се апсолутно клучни за да се овозможи зелена транзиција, изјави Јан Мостром, претседател и извршен директор на компанијата.

Ретките земјени метали се неопходни за многу високотехнолошки производствени процеси и се користат во електрични возила, турбини на ветер, пренослива електроника, микрофони и звучници.

– Ова е добра вест, не само за ЛКАБ, регионот и Шведска, туку и за Европа, нагласи Мостром.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни