Повредениот царски орел што пожарникарите го однесоа во Зоолошката градина во Скопје поради третман, угина на 6 август, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.
Државниот Инспекторат за животна средина беше известен за случајот од страна на Македонското Еколошко Друштво, а комуницираше и со Управата на ЗОО Градина Скопје и ФВМ. Угинатата птица веднаш по угинувањето била однесена на Факултетот за Ветеринарна Медицина-ФВМ при УКИМ, Скопје каде од страна на стручни лица-професори се врши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето, информираа надлежните.
Македонското Еколошко Друштво по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе ја соопшти причината за смртта на царскиот орел.
