На денешната прва пленарна седница по одморот на пратениците, ќе биде разгледана интерпелацијата на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Истата е поднесена од страна на пратеничката група на Левица, додека пак во текот на вчерашниот ден од СДСМ најавија поддршка.
Ваква поддршка нема да даде ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак коалициониот партнер Вреди.
Гаши во интервју вчера потенцираше дека неговата совест е мирна и чиста и со ништо не придонел за да се предизвика проблем.
„Имам мирна и чиста совест дека со ништо не сум предизвикал хистерија во јавноста. Самата интерпелација не се однесува за нешто што е принципиелно прекршено во собранието, или да е скратено правото на некој пратеник или пратеничка група, туку повеќе станува збор за тривијални теми кои добиваат на знаење во социјалните медиуми. Но подготвен сум и за тоа да разговарам. На најдостоинствен начин ја работам својата работа. Најчесно и најодговорно. Утре пратениците ќе го кажат своето мислење, а јас сум подготвен на секаков одговор и секаква одлука што ќе ја донесе нашето Собрание да ја почитувам“, порача Гаши.