Балкан

Во Србија од почетокот на годинава 12 лица го промениле полот

Во Србија од почетокот на годинава 12 лица го промениле полот

Од почетокот на годинава 12 лица во Србија направиле хируршка промена на полот на сметка на здравственото осигурување, а уште 10 чекаат операција.

Во Србија во моментов не е можно административно да се изврши промена на полот само врз основа на декларација, како во Белгија, Шпанија, Ирска, Луксембург и Данска, и за тоа е неопходна операција, пишуваат „Новости“.

Мирослав Ѓорѓевиќ, професор на Медицинскиот факултет во Белград, кој е хирург во областа на промената на полот, за овој весник рече дека во Србија самиот процес на промена на полот трае од две до две и пол години.

Тој објасни дека евалуацијата на пациентите кај психијатри трае меѓу една и две години, а потоа пациентот го започнува „вистинскиот живот“ на полот кон кој цели со користење на хормонска терапија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни