Македонија

Во тек е креирањето на мерки за намалување на цените на прехранбените производи

Во тек е креирањето на мерки за намалување на цените на прехранбените производи

Во тек е подготовката на мерки со кои Владата би им излегла во пресрет на граѓаните за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Како што изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Комисијата за заштита од конкуренција постојано се на терен, а покренати се и одредени постапки.

„Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политиките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно ДПИ и Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, а покренати се и одредени постапки“, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци.

Тој потсети дека пред почетокот на учебната година беше воведена т.н. „училишна кошничка“, со која се намалија цените на голем дел од производите што ги користат учениците.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни