Балкан

Во Загреб се одржа Парада на гордоста

Под слоганот „Гордост засекогаш“, 20-та парада на гордоста на ЛГБТИК заедницата се одржа во Загреб.

Поддршка дадоа градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, вицепремиерот за социјални работи и човекови права Борис Милошевиќ, претседателот на СДП, Пеџа Грбин и неколку членови на хрватскиот парламент и градското собрание на Загреб.

Учесниците се собраа во опуштена атмосфера, а покрај знамињата на виножитото, тие носеа и транспаренти, како што се „љубовта не прашува што има под фустанот / панталоните“, „И педерите се работници“, „Задоени со хомосексуалност од глава до пети“, известува ХРТ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни