Македонија

ВО ЖИВО од Крушево: „120 години Илинден – Огниште на татковината“

ВО ЖИВО од Крушево: „120 години Илинден – Огниште на татковината“

Директен пренос во предвечерието на Илинденското востание, 120 години подоцна.

Под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, годинава, се одбележува 2-ри Август- Денот на Републиката – Илинден. Во таа чест, делегации на Владата на Република Македонија, на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Република Македонија ќе го чествуваат празникот преку голем број свечености.

И оваа година, граѓаните на Република Македонија го слават националниот празник почитувајќи ги заедничките, интеркултурни вредности, меѓусебно почитувајќи се, празнувајќи гордо, достоинствено и обединето.

По повод чествувањето на денот, кога славиме 120 години од започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската Република и Денот кога пред 79 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност, ќе се одржат низа свечености во организација, но и со учество на државниот врв.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни