Македонија

Водата во Кавадарци заматена поради обилните дождови, потребно превривање

Водата во Кавадарци заматена поради обилните дождови, потребно превривање

Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци информира дека водата од градскиот водовод е заматена поради обилните врнежи што ги зафатија изворите Лукар.

Од претпријатието апелираат граѓаните да ја превриваат водата пред употреба.

Од „Комуналец“ додаваат дека состојбата се следи во координација со Центарот за јавно здравје – Кавадарци и јавноста ќе биде навремено информирана кога водоснабдувањето ќе се нормализира.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни