Македонија

Водовод со апел за рационално користење на водата: Не перете автомобили и не полнете базени!

Водовод со апел за рационално користење на водата: Не перете автомобили и не полнете базени!

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ ја информира јавноста дека, и покрај секојдневните апели и преземени мерки, во главниот град и понатаму се бележи енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови.

Според податоците, просечната дневна потрошувачка надминува 350.000 кубни метри, што доведува до сериозно оптоварување на водоснабдителниот систем и резултира со прекини на водоснабдувањето, особено во високите зони на градот.

Претпријатието повторно укажува дека овој алармантен раст на потрошувачката е предизвикан од неконтролирано трошење вода, вклучително:

  • Полевање на тревници, бавчи и ниви
  • Перење на автомобили
  • Полнење на базени

Од „Водовод и канализација – Скопје“ апелираат до сите граѓани на совесно, одговорно и рационално користење на водата, со цел да се овозможи стабилно и непречено снабдување за сите делови од градот.

Во услови на високи температури и зголемени потреби, секој капка вода е значајна!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни