Бунтот „Вагнер“ заврши, сите ограничувања во Ростовската област се укинати

Војна во Украина – 487 ден. Шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој го иницираше бунтот и движењето на војниците кон Москва, го запре напредувањето и нареди враќање во базите по разговорите со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Кремљ соопштува дека Пригожин оди во Белорусија и дека борците на „Вагнер“ нема да бидат кривично гонети. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека бунтот во Русија „откри целосен хаос во таа земја“.

Клучни настани: 

  • Изгаснат пожар во рафинеријата кај Воронеж
  • Кадиров: Можеше да дојде до крвопролевање
  • Кремљ: Пригожин се сели во Белорусија
  • Пригожин се повлекува, ја напушта кампањата кон Москва