Детален увид се врши на Универзитетот во Тетово од страна на Државниот просветен инспекторат. Од ова одделение ја потврдуваат веста, но без да споделуваат детали за кои велат дека ќе излезат по завршувањето на надзорот.
„Во тек е вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово, по завршување на истиот ќе можеме да Ви доставиме информација. Воедно информираме дека Државниот просветен инспекторат врши вонредни и редовни инспекциски надзори и на другите Универзитети согласно годишна програма или по добиени понесоци“, велат од Државниот просветен инспекторат.
Заменик министерот за образование, Љуљзим Алиу, на прашањето дали нешто ќе се преземе на тетовскиот универзитет, кој честопати се соочуваше со обвинувања за политизација и партизација, во Дејли Клик одговори со „секако да“, додека додаде дека ревизијата нема да заобиколи ниедна институција за високо образование.
„Ќе треба да се следи процедурата, тоа не може да се прави насилно, туку со почитување на автономијата на универзитетите. Значи ќе треба да влезе Советот за евалуација за да ги оцени сите студиски програми, додека Инспекторатот ќе треба да ги види и да ги констатира тие прекршувања или избори, непотизам и слично. Затоа што инспекторатот не забележува партизација или политизација, иако ние како политички субјекти кога бевме во опозиција ги споменавме и како резултат на тоа беше побарано министерството да даде конкретен одговор за Универзитетот во Тетово и верувам дека инспекторатот отишол или ќе треба да оди во ТУ во наредните денови за да ги изврши и инспекциските работи“, вели Алиу.
Владата, на иницијатива на Министерството за образование, создаде Национален совет (координативно тело) за реформи во образованието, главно за испитување на сите високообразовни институции за тоа како ја извршувале својата работа, како што се Просветниот инспекторат, Одборот за акредитација, Националниот совет за високо образование, Агенцијата за квалитет во високото образование. Заменик министерот Алиу најави дека ќе има ревизија на студиските програми на различни универзитети, овие програми може дури и да бидат затворени доколку се сметаат за премногу, не се интересни за студентите или се нефункционални.

