Вонредна прес конференција на ДИК: Избирачките одбори да ги почитуваат законите, казната е три години затвор!

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху денеска на вонредна прес конференција апелираше до избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач.

Како што вели, причината за нејзиното свикување се информациите кои ги добивале од терен дека дел избирачките одбори не постапувале согласно нивните надлежности кои произлегуваат од Изборниот законик и подзаконски акти на Комисијата.

Таа додава дека на секој гласач треба да му ја објаснат процедурата на гласање. Гласачот, нагласува, може да се појави на гласачкото место само еднаш и да го оствари своето право на глас.

„Не сакаме да ги исплашиме претседателите на изборните органи, но, доколку не се почитува правото на глас врз основа на Кривичниот законик секој член на изборен орган кој го попречува гласањето или намерно го попречува гласањето на некој друг член ќе се казни со најмалку три години затвор“, вели таа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното