Македонија

ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО НЕПТУН: Разбојниците дошле со тротинет, уапсени се!

ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО НЕПТУН: Разбојниците дошле со тротинет, уапсени се!

Попладнево се случило вооружен грабеж во продавницата Нептун, сместена кај Градскиот парк.

Според информациите на терен, во продавницата влегле двајца разбојници и со маски и пиштол се обиделе да го украдат дневниот промет.

Тие на локацијата пристигнале со тротинет.

Откако влегле во продавницата викнале да се вадат парите од касата, а се заканиле и дека доколку некој викне полиција – сите ќе бидат убиени.

За кратко на локацијата пристигнала и полиција, која ги уапсила и двете лица.

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Share

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни