Македонија

Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило, нема повредени

Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило, нема повредени

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 795 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 60,11%, а 39,89% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 53,69%, кон Итната медицинска помош 31,27%, a кон пожарникарите 11,21% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 729 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,83%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (39,89%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

ЦУК информира дека имаше 18 пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема. Една третина од вчерашните биле на повик на гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шират и на поголем простор во околината. Алел до гражаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.

Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека од Македонски железници известиле дека во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Гевгелија, на излезот од станицата „Драчево“ на патничкиот премин, што е обележан со светлосна и звучна сигнализација, удрил во патничко моторно возило. Според информациите до ЦУК, во возилото бил само возачот и нема настрадани. На местото на несреќата, покрај Итната медицинска помош, биле од полицијата, а и Комисија од МЖ.

РЦУК Скопје, известува дека од 112 на ЦУК, вчера попладне е добиена пријава дека при рушење на објект во с.Грушино, во близина на основното училиште, било пронајдено неексплодирано експлозивно убојно средство. Од РЦУК Скопје, известени се ДЗС Скопје, од каде известиле дека за подигање на опасниот предмет ќе интервенираат во текот на утринските часови денеска. Инаку, превентивната препорака до тие што че најдат неексплодирани убојни средства (НУС) да не ги фаќаат и да не ги поместуваат туку едноставно да ги пријават на 112 во ЦУК.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера, во 14:07 часот, регистрирала земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML 3.6. Вчерашниот земјотрес е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV до V степени според Европската макросеизмичка скала, a со интензитет од III до IV според Европската макросеизмичка скала истиот е почувствуван во повеќе места од Охридско-Струшкиот регион, како и во дел од пограничните подрачја со Албанија.

Регионалниот ЦУК Скопје, дека денеска од 10:00 до 15:00 часот, се планира да се врши минирање на каменоломот „Зелениковец“ (Општина Сопиште) и околу местото ќе се слушаат детонациите од минирањето.

Регионалниот ЦУК Битола, информира, според најавата на ЦЈЗ „Прилеп“, дека од денеска, 08 јули до 10 десети јули, во периодот од 22.00 до 05.05 часот на територијата на Општина Прилеп ќе се спроведува прва фаза од дезинсекција со цел уништување на комарци. Со дезинсекцијата, освен градот Прилеп, ќе бидат опфатени населените места: Ореовец , Лениште , Селце , Лагово , Беровци , Кадино Село , Галичани , Тополчани , Ерековци , Канатларци , Чепигово , Тројкрсти , Мажучиште и Мало и Големо Коњари.
Се информираат пчеларите да ги заштитат нивните пчели во Прилепско каде што ќе се прска против комарци.

Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни