Денеска, на 13.10.2024 година, околу 05:00 часот на наплатната станица Романовце, во Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на автобус „Мерцедес“ со словенечки национални ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Џ.Р. (42) од село Бајрамовци, дебарско.
При контролата било утврдено дека возачот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај. За овој прекршок бил известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој на возачот му изрече глоба од 1.000 евра согласно член 60, став 1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување.