Македонија

Возач тешко повреден откако со товарно возило удрил во заштитна ограда и канделабра

Возач тешко повреден откако со товарно возило удрил во заштитна ограда и канделабра

На 24.02.2024 во 11.45 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на наплатна станица во Гостивар, товарно возило „ивеко“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(47) од Гостивар, удрило во заштитна ограда и метална канделабра.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни