Македонија

Возел со 1,87 промили алкохол во крвта – уапсен возач во Македонска Каменица

Денеска (22.06.23025) во 02.53 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Ј.А.(54) од село Дулица, општина Македонска Каменица.

При контрола во патниот сообраќај на ул.„Церска“ во Македонска Каменица, полициските службеници сопреле патничко возило „лада нива“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во организмот, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни