Македонија

Возило излета од автопатот Тетово – Скопје, има повредени…

Возило излета од автопатот Тетово – Скопје, има повредени…

Возач и двајца сопатници се повредени откако со возило излетале од автопатот Тетово – Скопје денеска околу 14.55 часот. Несреќата се случи на влезот пред Тетово.

-Во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Скопје -Тетово, пред влезот во Тетово, патничко моторно возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(18) од тетовска Мала Речица, излетало од коловозот. По несреќата, возачот и двајцата сопатници, Е Ј.(21) и малолетник од истото село, се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни