Македонија

Возило излета од патот Неготино – Велес, патниците пренесени во болница

Утринава околу 6:30 часот на патот Неготино – Велес, во близина на наплатната рампа, од патот излетало возило, а во него биле двајца Унгарци, соопштува портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски за МИА.

Патниците со возило на Итна помош биле пренесени во велешката болница. Од таму информираат дека станува збор за маж и жена од Унгарија. По лекарската интервенција биле пуштени од болницата.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни