Македонија

Возило на Царинска управа се судри со друго возило на патот Струга – Охрид, три лица повредени!

Возило на Царинска управа се судри со друго возило на патот Струга – Охрид, три лица повредени!

На 29.12.2024 во 19.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Струга – Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерство за финансии – Царинска Управа, управувано од Г.К.(60) од струшкото село Велешта и „форд“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од Е.М.(25) од Дебар.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд“ и сопатниците М.Б.(34) и малолетник од кичевското село Долна Бањица, констатирани во Општата болница во Струга.

По овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата, увид извршија полициски екипи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни