Македонија

Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!

Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!

Фејсбук страницата „Грчка Инфо“ упати апел до граѓаните да внимаваат на големите дупки кои се наоѓаат меѓу граничните премини Богородица и Евзони.

Како што велат, постојат уште од минатата година.

„Се наоѓаат на потегот од Богородица кон Евзони.

Овие оштетувања на коловозот секојдневно предизвикуваат штета на возилата, а се чини дека никој не планира да ги обележи, а уште помалку да ги санира.

Уште еднаш ве повикуваме да бидете претпазливи – дупките се тешко забележливи и дење и ноќе“, велат тие.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни